|
Технологија
Navirec GPS уред
Кориснички интерфејс
Зошто Navirec?
Каде може да се користи Navirec?
|
ТехнологијаNavirec е најсовремен систем за следење возила. Со користење на мобилна податочна комуникација (GPRS) и сателитско позиционирање (GPS), обезбедува точна информација за локацијата на возилата во реално време. Исто така, Navirec обезбедува репродуцирање на историјата на движењето на возилaта. Сè што е потребно е интернет-прегледувач и мал уред што е поставен во возилото. Сите информации се достапни преку интернет.
Navirec GPS уредСерверот на Navirec прима информации за возилото и вредностите на сите вградени сензори (гориво, температура, патници итн.) преку Navirec GPS уредот. Овој уред е мал и работи самостојно по инсталирањето.
Кориснички интерфејсNavirec користи пријателски кориснички интерфејс, прегледен и едноставен за употреба. Можете да пристапите до сите снимени податоци и да ги следите возилата во реално време само со најавување на нашата веб-локација.
Зошто Navirec?Причините веднаш се забележуваат:
- Navirec помага да ги заштедите ресурсите на вашата компанија со намалување на трошоците за гориво и одржување на вашите возила.
- Navirec ви помага да ги планирате логистичките активности, да ја подобрите ефикасноста и да ја зголемите продуктивноста.
- Navirec ви овозможува да ги контролирате возилата во реално време, а исто така, од историјата ви овозможува да ги прегледувате претходните активности.
- Navirec ви овозможува да го контролирате вистинското работно време.
- Navirec ви дава можност да го следите евентуалното нелегално користење на вашите возила.
Ова се само некои од причините зошто Navirec е одличен систем за вашата компанија. Нашето искуство и постигнатите резултати покажуваат дека Navirec помага да се подобри ефикасноста како на големите, така и на малите компании.
Каде може да се користи Navirec?Кај мали возила – патнички и возила за специјални намени, возила за достава, такси-возила и др.
- Да се следат возилата во реално време врз дигитална патна карта
- Да се следи брзината на движење во реално време
- Да се провери траекторијата на движење, работното време и локацијата на вашите возила и продажни агенти
- Да се координира одржувањето на возилата
- Да се идентификува можната злоупотреба на возилата
Кај возила за транспорт – цистерни, камиони, автобуси и др.
- За логистичко планирање на превозот
- Да се следат возилата во реално време врз дигитална патна карта
- Да се следи потрошувачката на гориво во реално време и да се провери од историјата на возилото каде, кога и колку литри гориво се ставени или извадени
- Да се следи брзината на движење во реално време и од историјата
- Да се провери траекторијата на движење, работното време и локацијата на вашите возила
- Да се следи техничката употреба на возилата
- Да се анализира користењето на возилата
- Да се идентификува можната злоупотреба на возилата
Кај возила за специјални намени – градежни машини и хидраулични возила, дигалки, трактори, комбајни и други земјоделски машини
- Да се следат возилата во реално време врз дигитална патна карта
- Да се следи потрошувачката на гориво во реално време и да се провери од историјата на возилото каде, кога и колку литри гориво се ставени или извадени
- Да се следи брзината на движење во реално време и од историјата
- Да се провери траекторијата на движење, работното време и локацијата на вашите возила
- Да се следи техничката употреба на возилата
- Да се анализира користењето на возилата
- Да се идентификува можната злоупотреба на возилата
Сложените проблеми можат да се претворат во едноставни решенија! [ Горе ]
|
|