За компанијатаАнима ДООЕЛ е приватна фирма, формирана во Скопје, 2001 година. Во почетокот од своето постоење Анима беше позната како првата македонска фирма што понуди мултимедијални компјутерски курсеви на CD и On-Line курсеви.
Следејќи ги трендовите на високите технологии и нашата желба да понудиме GPS систем за сателитско следење на возила и управување со возен парк, почнувајќи од 2002 година, во АНИМА се формира сектор за развој на дигитални векторски патни карти на Македонија. Од 2004 година почнаа продажбите на GPS уреди за пасивна и активна GPS контрола на возила.
Со потпишувањето на договорот за взаемна соработка меѓу Анима и Navirec од Естонија, една од водечките европски фирми за GPS решенија, нашата понуда се прошири и доби на квалитет. Меѓународно признат и награден, Navirec GPS системот е најдоброто GPS решение што се нуди на македонскиот пазар.
Анима е ексклузивен претставник на Navirec за Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија и Турција.
Нашата цел е да го прошириме нашето Navirec семејство уште во многу држави ширум светот, затоа што клиентите заслужуваат да го имаат најдобриот GPS систем – Navirec.
|