Технологија

Системот Navirec овозможува следење возила во кои има инсталирано GPS/GPRS уреди. Овие уреди користат GPS или GLONASS сателити за да го позиционираат возилото и ги испраќаат овие податоци, заедно со брзината, статусот на моторот и други информации преку мобилна мрежа (GPRS) до серверите на Navirec. Потоа, овие информации можат да се гледаат во реално време на мапа, а можат и да се анализираат со прегледување или со создавање статистички табели. Исто така, можат да се постават одредени правила за да се известува кога некое возило се движи пребрзо, влегува во одредена област, користи специјална опрема и слично.


Следење во живо

Сите возила што се следат во живо се прикажуваат на векторска мапа, а состојбата на секое возило се прикажува на ваше барање, со избирање на саканото возило. Исто така, основната состојба на возилото јасно се гледа преку неговата икона (контакт вклучен/исклучен, потоа дали се користи специјална опрема и друго).


Историја

Оваа функција ви овозможува да гледате каде биле вашите возила во определен временски период. На мапата и во графикон се прикажуваат рутите на објектите, времињата на паркирање и стоење во место, потрошувачка на гориво и евентуалното користење на специјална опрема. Податоците можат да се пуштат повторно со анимација и со различна брзина, за да имате добар преглед кога и каде биле одредени возила и дали нивните рути биле слични.


Извештаи

Navirec им дава на корисниците добар приказ на нивните возила што се следат, со прикажување различни извештаи. Најголем дел од овие оизвештаи можат да се зачуваат како PDF или како XLS датотеки.

Најкористените статистички прикази се:

  • Дневен извештај. Во овие табели се дадени информации за времето поминато во возење, паркирање и стоење во место, изминати километри, наполнето гориво, потрошено гориво и просечна потрошувачка на гориво по час за избраните објекти. Секој ред од табелата се однесува за целосен ден.
  • Извештај за возењето.  Возењето на секое возило е прикажано како еден ред во табела, со времето на почнувањето и завршувањето на возењето, колку гориво е наполнето и потрошено, времетраење на возењето и изминати километри.

Известувања

Системот Navirec има можност за додавање правила за известување за различни параметри, како што се специјален статус, контакт, брзина, температура и гориво. Известувањата можат да се однесуваат и на конкретна географска област или области. Кога ќе се исполнат сите услови од правилото за известување, тогаш до наведените контакти ќе се испрати известување по е-mail или SMS.


Сервис и одржување