Фортрес

Александар Ѓорѓески (директор)

Фортрес е приватна фирма од Скопје, основана во 1995 година. Фирмата се занимава со трговија на големо и дистрибуција на прехранбени продукти.
Ние сме меѓу првите клиенти на Анима. Штом ни понудија GPS решение, решивме да инсталираме еден таков систем најпрво во едно наше дистрибутивно возило, за да ја провериме функционалноста и ефикасноста. По само неколку денови увидов дека огромна е предноста кога имам целосна контрола врз дистрибутивното возило. Затоа набрзо побарав од Анима да ми инсталираат GPS уреди во сите дистрибутивни возила.

Најчесто Navirec  веб-апликацијата ја користам додека сум на работа, но често пати се случува да се конектирам од дома или од мојот лаптоп, кога сум некаде надвор од државата, на службен пат. Navirec ми овозможува целосна контрола на моите возила, во секое време и пристап од секое место.

Пресметките за потрошеното гориво, направени пред и после воведувањето на Navirec системот за контрола на возила, покажуваат дека целата инвестиција за инсталација на GPS уредите во возилата ни се има вратено за нецели четири месеци. Истовремено користејќи го GPS системот Navirec, ги преполовивме сметките за мобилните телефони, затоа што сега со едноставно кликнување на едно копче, дознавам каде се моите вработени, без да ги прашувам на телефон. Дисциплината на вработените е многу подобрена, а тоа пак доведе до раст на продуктивноста. Топло го препорачувам Navirec на сите оние што сакаат целосна контрола врз возниот парк и што сакаат да ги намалат трошоците за гориво.

Коки Лукс

Кокан Стојановски (сопственик)

Мојата фирма започна со работа во 1994 година, во Свети Николе. Се занимаваме со производство и дистрибуција на брашно и трици.

За Анима дознав случајно од еден мој пријател, кој веќе беше нивни клиент и кој беше многу задоволен од работата на системот, па затоа и јас одлучив да ставам GPS уреди во сите камиони со кои располагам. Но јас одлучив истовремено со ставањето на GPS уредите, да инвестирам и во сензори за гориво, коишто Анима ми ги понуди за контрола на потрошувачката на горивото. Веќе подолго време барав начин како да имам точен увид во потрошувачката на горивото, но не можев да најдам некое добро решение. Секој од камионите поминува по околу 5.000 km пат месечно и со норма потрошувачка на гориво од 30 L/100 Km, излегуваше дека за еден месец секој камион троши околу  1.500 L гориво. Јас ги имав на увид сите сметки за платеното гориво и не можев ништо да приговорам на возачите.

Но, после вградувањето на Navirec GPS уредите и сензорите за гориво, излезе дека камионите всушност трошат 28 L/100 Km, значи два литри помалку од претходно прифатената норма. Дали заштедата дојде од рационалното возење заради вградените GPS уреди или заради неможноста да се вршат манипулации со горивото (а можеби и од двете), не знам, но знам дека на месечно ниво тоа значеше 100 L гориво заштеда, т.е. 1.200 L заштедено гориво на годишно ниво. Ако земеме дека цената на литар дизел горивото има годишен просек од околу 1 EUR/L, мојата годишна заштеда, по камион, изнесува 1.200 EUR.

Зум Електроник БГ

Мирослав Илиевски (сопственик)

Имаме фирма за меѓународен транспорт, регистрирана во странство. Вршиме транспортни услуги за шведска шпедиција. Камионите ни се постојано на релација Шведска-Шпанија, Франција-Шведска и Шведска-Германија.

Го користиме Navirec системот од Анима, за контрола на возилата и поминатата километража. За сега немаме вградено сензори за гориво, поради тоа што возилата долго време се горе, но при првата прилика ќе инсталираме и сензори за гориво.

Navirec софтверот е многу едноставен за работа. Освен ние во фирмата, го користат и нашите шведски партнери, затоа што можат да одберат англиски јазик и да го следат движењето на транспортот што се врши со нашите камиони.

Наскоро планираме купување уште неколку нови влекачи и планираме во сите Анима да ни вгради GPS уреди и сензори за гориво.

Коки-Трејд

Мирослав Петровски (директор)

Ние сме такси компанија од Тетово, со 14 такси возила. Пролетта 2008 година ставивме GPS уреди и сензори за патници од Анима. Целокупното работење на диспечерките го префрливме на компјутер, користејќи го Navirec системот. Стартувавме со 9 такси возила и веднаш ја увидовме разликата помеѓу работењето без GPS, кога користевме само карта на Тетово и рачно ги означувавме позициите на такси возилата, и помеѓу работењето со компјутер и GPS системот Navirec. Toj овозможи да имаме многу подобар преглед на реалната состојба на такси возилата, да ги следиме во живо на секои 5 секунди и да знаеме дали се зафатени, т.е. дали има патници во возилото. Диспечерките на мониторот ги следат сите возила и по потреба го праќаат најблиското возило до клиентот. Услугата е многу побрза, намалени се километрите поминати без патници, а и возачите сега возат многу повнимателно, потрошувачката на гориво е намалена, трошоците за сервис и одржување на возилата се намалени. Со Navirec, за година-годинаипол, такси компанијата заштеди значителни средства, кои допринесоа неодамна да купиме уште 5 нови возила. Сега работиме успешно со 14 возила, а се надеваме дека и овој број набрзо ќе се зголеми.

Haljas, Ltd.

Аре Пик (Aare Piik), раководител на маркетинг

Haljas Ltd. е компанија основана во Талин, Естонија во 1989 година и во тоа време беше една од првите приватни компании во Естонија.
Од мала компанија што нуди транспортни услуги, компанијата прерасна во позната и реномирана компанија што се занимава со увоз, извоз и продажба на големо на храна во соседните и неколку други европски земји.

Ние сакавме да го следиме работното време на нашите продажни агенти и да броиме колку пати ги посетиле клиентите. За да ги добиеме информациите, го инсталиравме Navirec на нашите возила. Добивавме информации за недостатоците и за новите можности што ги предложивме веднаш по инсталирањето. Проблемите за кои се сомневавме сега можевме да ги потврдиме со докази. Продажбата ни порасна за 15% откако ги анализиравме проблемите и разговаравме за резултатите со нашиот продажен персонал. Раководството на компанијата сега има подобар преглед на продажбата и планирањето. Решението Navirec помогна да ги дисциплинираме продажните агенти, да ја планираме продажбата и да ги намалиме трошоците.

Balsnack, Ltd.

Рихо Пандис, раководител на одделот за продажба

Balsnack Ltd е основана во 1992 година. Денес сме единствениот производител на чипс во Естонија.
Balsnack се соочуваше со тешкотии при следењето на сообраќајот и активностите на нашиот продажен персонал. Едноставно, компанијата немаше преглед на сообраќајот на возилата. Го инсталиравме Navirec на нашите возила за да помогне да се најде решение. Исто така, сакавме да провериме дали нашата стратегија за продажба е исплатлива. Еден од значајните делови на нашата стратегија е да имаме преглед да повиците за продажба во одреден регион.

Како резултат на тоа, јасно ги забележавме недостатоците во многу продажни региони. Преговорите помеѓу управата и продажниот персонал беа базирани на факти, а не на емоции и претпоставки. На крајот добивме зголемена продажба, подобрена ефикасност и пониски трошоци.

Cantori, Ltd.

Андрес Каск, директор

Cantori е компанија од Тарту што работи во областа на производство и продажба на бетон. На нашите камиони полни со однапред подготвен бетон ги инсталиравме уредите Navirec. Ја следевме потрошувачката на гориво, општата логистика и се обидовме да ги откриеме можните загуби на бетон пред тој да стигне до клиентот.
Не се плашевме да инвестираме во Navirec, затоа што поголемата ефикасност и пониските трошоци беа очигледен поттик! Почнавме да штедиме ресурси затоа што голем дел од трошоците ни произлегуваа од непланирано и непотребно користење на возилата. Денес тоа може да се избегне.

Од првиот ден по инсталирањето, резултатот  беше значителна заштеда на трошоците и подобрување на дисциплината, управувањето и логистиката. Бидејќи директните трошоци беа последица на лошото и невнимателно користење на возилата, заштедите произлегоа од подобрувањето на управувањето и логистичкото планирање. Превозот на останатиот бетон без согласност на управата престана. Решението стана единствена реална алатка за управата да добие преглед на активностите во компанијата.